Author Archive for dzam-ot

06
Jun
08

Margerie, replacing reserves reaches $80 a barrel

French oil giant says demand could catch supply

World demand for oil may soon outstrip supply as the cost of replacing reserves reaches $80 a barrel, according to the head of Total SA, Europe’s third- largest petroleum company.

Total’s de Margerie fielded a barrage of questions from French deputies over the size of global reserves, rising oil prices and their impact on consumers.

The $80 a barrel cost of producing crude is a new “technical” floor for oil prices, he said, adding that oil prices are likely to remain high in the future.

“What has hurt most isn’t the level of oil prices but the rate at which they have risen,” he said.

Total said two days ago world oil production will reach a plateau of 95 million barrels a day before 2020, placing a limit on growing energy demand.

22
Oct
07

Жив!

Летно време, рано наутро, автомобилот е на зададената релација оттаде Маџари Центар виа Аеродром. Жива дискусија во подвижниот конзервиран простор. Јас зад воланот, другарот филозоф на совозачкото седиште. Размената на мисли патува побрзо од автомобилот, многу побрзо. Новите и старите пространства се преплетуваат додека вртам лево за да минам по кратенката, низа од дупки на асфалтната дијагонала. Задоволно ги искажувам своите гледишта додека заобиколувам една дупка и неколку подредени автомобили. Другарот филозоф се вкочани од лесното потскокнување на тркалата преку шините.

ТУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ!!!

Трубењето продорно го исполни севкупниот простор. На неколку метри одзади железното чудовиште минуваше по шините  парајќи го воздухот до нишање. Автомобилот продолжи, газот му потпрднува со октански потсмев на тонската силина од композицијата. Се завртив, другиот продолжи да вози. Погледот ми застанува на рамномерните бели процепи од челикот во движење.

Тгдк … Тгдк … Тгдк!

Ти си ненормален! – конечно проговори другарот филозоф со заминувањето на последниот вагон од видното поле.

Е де, ништо. Што па…ти? – лаконски развлеков од никаде.

Автомобилот продолжи. Срцето прави собирок и со залет контрахира за да ја впумпа крвта угоре. Дишењето стои мирно. Амилгадата организира дотогаш невидена коктел-забава во главата. Од поблиската меморија излегуваат кристални неподвижни слики, повеќе од соодветна замена за приказот на скорешната животна врпца.

Другиот вози. Вешто маневрира избегнувајќи ја дупката. Во неред наредени автомобили пред преминот.  Дланката на другарот филозоф што до вцрвенување ја стега рачката од вратата. Неговата уста во немост ги замрзнала зборовите. Во молкот од очите на другарот филозоф молска страв. Валканото портокалово светло негледливо трепка. Едно бедно ѕрн! Синџирчиња прикачени на кратката рампа, преполовена од удар некогашен. Нескладни паралелни грпки на патот. Подзината уста и ококорени очи во неверување залепени на шофершајбната од автомобилот пред нас. Продорно трубење на монструмот што ме занишува. Бабичка која се крсти, како последен фрејм.

Автомобилот продолжи. Другиот вози. По зададената релација пристигнав на целта. Случката кај железничкиот премин остана да лебди меѓу нас. Се поздравивме со другарот филозоф. Потоа секој дома. А дома, црното кафето полека зоврива. Нека стине! Со првата голтка ме обзема радосница од чувства. Сите мои клетки складно во хор потпевнуваат: Жив, живи сме. ЖИВ!

…………..

По неколку месеци другарот филозоф ми ги побара клучевите од викендичкта. Кажа дека сака да биде сам неколку дена. Осамата ја продолжи во неколку недели. Кажа дека со самотијата се ослободил од нешто, исто како што го ослободил подрумот од теглите компот. Налет теглите компот што требаше да ги правдам кај баба ми, само нека биде тој во ред. Другарот филозоф ми се заблагодари за престојот во викендичката, ги врати клучевите и си замина. Оттогаш го немам видено. Подоцна дознав од една заедничка пријателка дека другарот филозоф малку забегал. Компотот од викендичката го вратил во живот. Отпатувал во некоја сончева земја, се зафатил со бизнис. Од овошјето правел компот. Повремено ми праќа овошни разгледници со феноменални вкусови, ќе ви покажам некогаш.

Оваа случка ми донесе интересна приказна. Неверојатна! Одвреме навреме сакам да ја раскажувам приказната од фото албумот. Онака, колку да не ја заборавам. А како би можел, кога со секое утринско кафе, клетките, запаметиле, пеат ли пеат, препознатливо: Живи, живи сме. Живи! Не залудно средното име ми е Живко.

15
Oct
07

Еколешка

Еколешката се потсмеваше на П. Па зар има некој што не би се потсмевал на П. П беше како сенилна старица којa треба да се води за рака, да се насочува и да се упатува. Еколешката обилно го користеше богатството на П, сметаше дека тоа токму нејзе и припаѓа. А што ќе и е толкаво богатсво на сенилна старица? Таа беше нејзина внука, поточно пра пра пра внука. Не се сеќаваше точно колку пра треба да има пред внука, но знаеше со сигурност дека е внука. Впрочем еколешката наликуваше на П, ги имаше препознатливите П црти на лицето, иако во последно време лицето и се изобличуваше од долгото гледање во тв-то.

Но богатсвото почна да се ситни. Апетитите за потрошувачка на еколешката беа големи. Се научи, навикна еколешката, да тера живот на висока нога. И доаѓаа лоши мисли, веројатно од потсвеста. Потсмев против потсвест! Работата не одеше на арно. Реши еколешката да побара помош од еколог. Екологот беше сертифициран и пошироко верификуван, набилдан со логика и купишта конструкти, за ваков тип на работа. Се нафати екологот да ги средува проблемите на еколешката.

И навистина, работеше вредно екологот, ги засука ракавите, донесе инструменти и томови стручна литература. А напорната работа треба да се наплати. По секој третман тој го кешираше чекот од уситнетото богатсвото на П. Третманите на еклогот не помогнаа, напротив, како да ја влошија состојбата на еклоешката. Се повеќе ја ословуваа како хипокрит, нихилист, фундаменталист, и други слични етикети. Ја обвинија за блуд, неморал, гадости. Обвинувањата дополнително ја погодија еколешката. Таа се повеќе наликуваше на леш. И кога ќе ја спопаднеа злите мисли од потсвеста, еколешката уште повеќе се предаваше на шопингот, промискуитетот, тв-то. Навлечена беше на заборав.

Потсмевот ја изгуби изворноста. Потсмевот сега и служеше единствено за да ја замолчи потсвеста. Привремено! Потсвеста беше чуден организам, депонија каде се фрлаше секојдневно сметот што и сметаше на еколешката. Посакуваше еколешката потсвеста да е леш, да ја закопа. Фрлаше смет врз потсвеста. А под сиот непотребен смет пулсираше сеќавањето на детсвото, кога таа беше водена за рака од П. Старицата ја помилува по глава. Од лицето на еколешката исчезна лешот, остана само едно далечно, а толку блиску еко.

15
Oct
07

Мистично антимистичен

Си беше еднаш еден космонаут. Тој да ти бил летач кон височините, ловец на ѕвездите. Мистичен беше овој вселенец. Гравитацијата тешко ја поднесуваше, таа го лепеше за земјата. И леташе, леташе, леташе …. и на крајот се одлепи. И остана одлепен.

Си беше еднаш еден патник. Не било каков, туку светски патник. Не го држеше место. Патуваше насекаде по светот. Мистичниот светски патник сакаше да биде господар на далечините, пространите рамнини и морските површини. И патуваше, патуваше, патуваше …. и на крајот се загуби. И остана загубен.

Си беше еднаш еден мистик на место. Местото беше се‘ што му требаше. Височините и далечините беа тука на самото место. Мистикот на местото живеше за/на/во местото. Се‘ беше во таа една точка. И се местеше, местеше, местеше …. и стана самото место. Стана точка.

Си беше еднаш едно дете. Детето играше фудбал. Ја одмери височината. Ја одмери далечината. Се сконцентрира на точката во аголот, местото каде се вкрстуваат стативата и пречката. Ја шутна топката и даде гол. Се радуваше заедно со другарчињата. Дома јадеше рибанка со маст и сол. Заспа среќно сонувајќи за утрешната игра.

15
Oct
07

Змејот во мојот стомак

На работа сум пред компјутер. Подредувам и преместувам некој цифри лево-десно.  Отсутен  од околината  со крајот на  окото  забележувам како нешто се движи  по екранот.  Сеуште фокусиран на цифрите помислувам дека  е  некоја  од оние здодевни реклами што се движат по екранот. Механички посегнувам по глувчето за да ја откачам. Со намера да го најдам иксот погледнувам кон … и изненадување. На екранот стои гуштер. Мало гуштерче, големо колку еден прст. Не се исплашив, не се плашам од животни помали од едно осредно куче. Од каде ли дојде гуштерчево? Го загледувам. Некако ми е чудно. Досега не сум видел такво. Нозете му беа несразмерни и поинаку излегуваа од трупот. Да, зелено е. На главата имаше невообичаени шари. И додека јас го загледував показалецот од мојата десна рака несвесно се придвижи кон гуштерчето.

Аууууууууу!!!?

Не можев да верувам. Гуштерчето блуеше оган. Ме изгоре змејот. И така, додека викав, урлав, со сите ѕвездички и прашалници во мојата глава, се случи уште поневеројатна работа. Змејчето скокна во мојата уста. Го почувствував како низ грлото ми се лизна удолу во стомакот. Бев шокиран. Зачуден. Се фатив за стомакот. Го тресев. Ништо. По почетниот шок се соземав и си продолжив со животот како ништо да не се случило.

Случката беше толку неверојатна што решив да ја игнорирам, да ја заборавам. Навистина, кој би поверувал во оваа случка? Што можев да очекувам доколку ја раскажам некому? Единствено да ме сметаат за луд!? Меѓутоа, настаните не завршија тука. По неколку недели од голтањето на змејот добив јаки болки во стомакот. Болките треа по час или два, а потоа ненадејно исчезнуваа. Болките беа нередовни и се повторуваа. Имаше периоди кога со месеци се беше во ред и периоди кога болките се јавуваа зачестено, со денови, по неколку пати во денот. Јас се трудев да го потиснам сеќавањето на оваа случка. Вистински се трудев да го игнорирам змејот во мојот стомак. Но, попусто. Со болките, пред очите ми се појавуваше и‘ сликата од змејот. Пробав со алкохол да се ослободам од него. Не помогна. Пробав со постење. Не помогна. Пробав со разни јадења и пијачки, со препораки од коекакви медицински аламнаси, со стоење на глава, со молитви, хемикалии и бајачки. И пак ништо. Еднаш дури изедов тринаесет тегли кисели краставички.

И веројатно болките ќе се повторуваа до недоглед. Но една вечер решив на децата да им прочитам приказна за добра ноќ. Болките штотуку започнуваа, а јас почнав да ја читам приказната “Не постои такво нешто како Змеј“. Да не ви ја раскажувам сега целата приказна иако ја знам наизуст. Само накратко. Приказната е за едно мало момченце кое се буди и пронаоѓа малечок змеј во својата постела. Змејот му станува миленик и тој си игра со него, се додека мајка му не заповеда и инсистира дека не постои такво нешто како змеј. Сите домашни го игнорираат змејот, но змејот почнува да расте. Змејот пораснува толку многу, колку што е голема куќата на момчето, и почнува да оди по улиците носејќи ја куќата на својот грб. Има уште случувања, но на крајот целото семејство го признава постоењето на змејот. Во тој момент змејот се смалува до првобитната големина на милениче. Последните зборови во приказната на момченцето се “Мислам дека само сакаше да го забележиме“.

Со секое читање на приказнава на моите деца болките во стомакот веднаш ми престануваат. Понекогаш додека ја читам приказната си го поставувам прашањето, кој е поверен слушател, децата или змејот во стомакот? Меѓутоа тоа и не е толку важно.

Technorati Tags: , ,




Watch videos at Vodpod and other videos from this collection.

 

January 2010
M T W T F S S
« Jun    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Blog Stats

  • 131 hits