Секој, буквално секој, формализиран систем на власт што било кога постоел, постои, и ќе постои, е наполно способен да спроведе масовни убиства, класно потлачување и режимска репресија. До тука со опозиционо настроените сум во согласност. Сепак преферирам депозициона поставеност. Зошто? Воглавно, поради многу едноставна причина. Исходиштето на “Патот од добри намери“ не е монопол единствено на власта. И смисловно ќе застанам на второто зошто?. Наспроти она што јавно, изразено преку доминантните прецепции, се случува на општествено политички терен, било домашен, било меѓународен, далеку поинетерсни за умот ми се политиката на дисензус и комуналната деполитизација.





0 Responses to “Кус дисензус”